Бесплатна доствава над 1500ден Можност за бесплатна замена Можност за плаќање со платежна картичка Можност за плаќање при доставаБесплатна доствава над 1500ден Можност за бесплатна замена Можност за плаќање со платежна картичка Можност за плаќање при достава

5 работи што еден маж задолжително треба да ги направи за својата жена!

Мажите често за својата жена знаат да кажат- Остај ја, не знај шо зборува! Или уште полошо- Остај шо ќе ти кажи жена! Вакви и слични тези што често ги слушаме низ кафе муабет е еден вид на бегство на мажот поради тоа што не ја разбира или уште полошо, не сака да ја разбере својата жена! И сега сигурно ќе помислите – Е да бе јас ќе ја разберам немам друга работа! Дефинитивно сите ќе се согласиме дека мажите и жените размислуваат на различен начин и сигурно ќе е согласиме дека и во тоа е убавината во живеењето. Тогаш во што е проблемот?!

Самото тоа што не го разбираме другиот до нас, предизвикува скриен страв и со себе носи отпор и спротиставување, односно терање инает. Од тука доаѓа моментот на тоа кој е појак, што доведува до синдром на докажување од кој страдаат многу бракови.  Факатите се следни: сите ќе се согласиме дека жената го менува целосно својот начин на живеење со стапување во брак, со раѓањето на детето се менува нејзиното тело, времето кое го имала, сега го нема и секако природата на жената е насочена кон давање на внимание на сите околу неа. Тука лежи зајакот! Жената на сите им дава внимание, но од каде го зема?! Нели кажавме дека сите даваат она што имаат! Дали може да дадеме нешто што немаме?! Ете токму таа улога мажот малку ја подзаборавил, а ние сме тука да го потсетиме! Главната улога на мажот во еден брак е давање внимание на жената до него! 

Што треба да направите за да ја подобрите комуникацијата во вашата врска?!

Сите жени на светот се уникатни. Сетете се по што е уникатна вашата жена и веднаш кажете и го тоа. Онака лесно, убаво со гордост затоа што таа го има тоа што другите го немаат и вие го гледате и и се восхитувате.

Кога се враќате дома, помислете на неа! Купете и подарок! Не мора голем и скап. Доволно е нешто што ќе биди само за неа. Признавам, на почеток ќе ве гледа чудно како да ви фали некоја жица, но океј е брзо ќе го прифати предизвикoт и сигурно и таа за брзо време  ќе ви спреми некој подарок за возврат, за да не остани покуса, се разбира. На тој начин лошите стрели ќе ги замените со љубовните стрели на АМОР и сигурно ќе ви биде поинтересно да видите кој е покреативен! 

Најважно луѓе- Слушајте! Тоа е најголемиот проблем! Мажи- НЕ СЛУШАТЕ! Не велам да послушате, туку да слушате! Тоа се две различни работи! Вашата жена има потреба да ја слушни некој! Кога е тажна не бегај! Не врти грб!- Прашај што е работата! И да се случи кавга, во ред е на крајот на денот најубав е сексот после решена кавга! Покажете разбирање како кон најдобар другар. Помогете со свое мислење за проблемот, објаснете полека што се случило и покажете разбирање за нејзината загриженост.  Само така може да имате среќна жена до вас! А ако таа е среќна, сигурно и вам ќе ви се посреќи!

И друга работа, бидете и поддршка! Зошто да оди кај незината другарка за совет кога сте вие тука? Изградете врска на сигурност, не ги предавајте нејзините тајни. Во овај живот вие сте заедно и заедно сте посилни. 

И да не заборавиме- ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ! Немојте да бидете немтури и сериозни! Жените сакаат мажи со кои можат да се смеат, мажи што не ги забележуваат нивните маани, едноставни и опуштени што на маса “тресат глупости”.  Покажете сериозност во ситуациите погоре, но тука треба да го најдете детето во вас и едноставно да уживате.

И уште едно нешто што ми тежи на душата… Многу често кога разговараат двајца мажи за некое уживање го слушам муабетот – Абе ова е да си земеш некоја помлада, па да ја однесеш на викенд, да видиш живот! Душо, таа помладата ниту ќе ја видиш, ниту ќе те види! Едно едноставно прашање до тебе?- Зошто да не биде твојата жена на тоа место? Однеси ја така, од нигде-никаде на викенд некаде и заборавете на се, само сетете се на вас, на тоа колку е краток овој живот и колку бргу минува во глупави кавги. Тоа што сте тука и сега само за вас двајца, го прави моментот неверојатен!

И се разбира, пред да одите некаде не заборавајте да одберете од моделите што ги нудиме за моментот да го направите совршен. Сакајте се секој ден, дури и тогаш кога се карате!

Ваша Катја

Е-бизнис katja- online store

Споделување на бизнис идеи со студентите: Пример за иновации во е-трговија

rak na dojka

Како да им ја соопштите веста за рак на дојка на вашите најблиски: Со емпатија и храброст

🎁 МАРТ Е МЕСЕЦ НА ПОДАРУВАЊЕ!
Ти подаруваш на твоите најблиски…
Ние ти подаруваме тебе.

Нарачај 4 градници
и 5-тиот е целосно БЕСПЛАТЕН!

💗 Без код. Без компликации. Само избери си ги омилените.

Katja Online Store

Katja Online Store

I will be back soon

Katja Online Store
Имаш  прашање?
Katja Online Store