Не можете да го пронајдете вистинскиот градник за вас? Да, навистина е тешко да се борите со секојдневниот притисок кога е во прашање долната облека. Жените мораат да го носат тој притисок преку целиот ден и затоа е многу важно да го пронајдат моделот што најмногу им одговара. Издвоивме неколку важни совети кога се работи за изборот на градник, неговата улога, функционалност удобност и заштита:
1. Најдете ја вистинската големина: Поради тоа што сите форми на тело се различни и носат свои посебности, најважно е градникот да се проба. Со тоа што ќе разгледате повеќе варијанти и модели ќе имате поголема можност да го одберете моделот што совршено се прилагодува на вашата потреба.
2. Поддршка и удобност: Без разлика дали градникот е со фижбан (жица) или не, многу е важно да помага во правилно држење на телото и да се намали оптоварувањето на грбот и рамената. Не одбирајте градници што ги стегаат градите и ви предизвикуваат нелагодност. Наместо тоа одберете градник што е пријатен ,со форма што е прилагодена на вашата, за да си обезбедите себеси вистинско уживање во текот на целиот ден.
3. Прилагодливи прерамки: Одлучете се за градници со прилагодливи прерамки за да може да го прилагодите вклопувањето на вашето ниво на удобност. Погрижете се ремените да не се премногу тесни или премногу лабави, затоа што тие треба да обезбедат поддршка без да притисок во рамената.
4. Широка лента: Изберете градници со цврста и широка лента околку градите. оваа лента обезбедува дополнителна поддржка и спречува градникот да се качи нагоре.

5. Избор на материјал: Изберете градници направени од материјали што дишат, како памук или ткаенини што ја апсорбираат влагата. Овие материјали помагаат да се задржи вашата кожа сува и да се спречи иритација.
6. Двослојни градници или градници со сунѓереста корпа: Ако сте загрижени за видливоста на брадавиците размислете за двослојни градици ( ако преферирате минимајзери-градници без корпа) што нудат мазен и дискретен изглед под облеката или одлучете се за градник со сунѓереста корпа.
7. Правилна нега: Следете ги упатсвата од производителот за нега и грижа за самите производи да траат подолго. Скоро за сите градници се препорачува рачно перење или перење во машина во посебна вреќичка или корпа наменета на перење на градници која се става заедно во машината за алишта. Ова помага да се оддржи нивната форма, еластичност и севкупен квалитет.
8. Ротирајте ги градниците: Избегнувајте да носите ист градник секој ден. Ротирајте помеѓу неколку градници за да им дадете време да ја вратат формата и еластичноста .
9. Последно и најважно- Редовно преоценувајте: Како што вашето тело се менува со текот на времето, така се менува и формата на вашите гради. Потребно е да ја преоцените големината и одговарањето на градникот. Флуктуациите или променливото движење на тежината, бременоста или стареењето може да влијаат на обликот на вашите гради што бара прилагодување на изборот на градник.
ЗАПОМНЕТЕ: Телото на секого е уникатно а наоѓањето на совршен градник може да влучува неколку обиди и грешки. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате кога го носите градникот и направете прилагодувања соодветно да ја обезбедите вашата удобност и благосостојба.
KATJA- online store е застапник на турскиот бренд AYCI, кој располага со широка палета на градници кој во својот состав вклучуваат висококавлитетени материјали. Бидејќи нашата продажба се одвива само online, ние ви обезбедуваме БЕСПЛАТНА ЗАМЕНА- НЕОГРАНИЧЕНО!
Што тоа значи? Може слободно да си го порачате секој градник што Вам ви се допаѓа и тоа во различна големина. Пробајте во удобноста на вашиот дом и бидете сигурни кој модел и број Вас најмногу ви одговара! Доживејте ја удобноста на вашиот праг- Нарачајте го и пробајте го нашиот градник од дома!