ДАЈ МИ! – Колку ова зборче ви звучи познато?! Ако ви се намовнува кожата од него, тогаш сте на правото место! И што помислувате?!- ЗЕМИ СИ! Да, но само помислувате, нели? Но што правите? Само станувате да го најдете тоа што се бара од вас. И тоа не е толку лошо ако е еднаш или два пати, па и нека е три пати во текот на денот…но дали ви се чини дека е бесконечно?!

Овој блог-пост го адресирам до сите жени кои успеале да се изборат со ДАЈ МИ – лудилото, и да се охрабрат, да ни споделат на сите нас останатите смртници што не можеме да излеземе на крај со толку малечко и безначајно зборче што ни кради голем дел од нашето време и фокус и да ни кажете КАКО, КАКО да си го вратиме нашето време за нас!
ДАЈ МИ да јадам, ДАЈ ми алишта, ДАЈ МИ вода, ДАЈ МИ пари, ДАЈ МИ чорапи….. и негов најдобар другар е – КАДЕ Е или на нашки КАЕ! КАЕ фенот за коса ( а тој стои секогаш на исто место) или КАЕ тетратката, КАЕ полначот и така до бескрај што ми се чини дека сите во оваа куќа се гости?
Дали е можно и како да успееме да превоспитаме од најмал до најголем? Многу од вас ги имам слушнато како велат- одам на работа само за да излезам од дома! Но што ако работата ни е од дома?!

Навистина, среќата на семјството е наважна, но дали можеме да дадеме среќа , ако ние сме истрошени и несреќни? Дали може некој да даде нешто што го нема?
Ние како заштитнички на жената може да работиме на подигање на свеста на самодовербата и себељубов, а тоа не е можно ако се изгуби индивидуалноста што ја има секое суштество на оваа планета. Жени време е да ги земеме конците во свои раце и да застаниме во одбрана на нашето време, затоа што бргу човек остарува, а времето не се враќа!

Нареден пат кога ќе слушнете ДАЈ МИ- ве молам направете ладна фаца и не трепкајте се додека барачот не се откаже од своето барање и сам да си го земе тоа што го бара. Потребно е оваа тактика да ја примените во рок од една недела и да ни пишите резултат. Потребно е да гледате право во очи, да не трепкате, останатиот дел од лицето да биди опуштен и во себе да почуствувате мир. Ве очекуваме со позитивни искуства и секако ваши идеи.
Ваша Катја