Негувана жена е убава жена! Точно или не?
Според мене, се разбира дека е точно! Некои ќе се спротистават затоа што зборот негувана жена е недоволно јасен.
Што значи негувана жена?! Тоа жени значи да се негувате и физички и психички. Жена несредена психички е многу полошо од жена несредена физички!
Жена која секој ден посветува време да се слушне себе си, ја зголемува својата самодовребата. Жена со самодоверба се претвора во уникатна жена. Уникатна жена е најпосакувана жена во машкиот свет!- Не го заборавајте тоа!

Не ви требаат селикони да изгледате убаво! Не треба да сте стегнати во гардероба во која не може да дишете за да бидете убави! Не треба да се докажувате никому!
Вие млади девојки, што сите личите една на друга, што мислите дека правите? Кој е вашиот пример што го следите? Општеството ви дава правила на изглед, ама не заборавајте најјаките женски ги создаваат правилата. Не бидете слепи следачи на трендовите околу вас! Создајте своја слика за вашиот идентитет. Свои фрази на комуницирање, свој начин на движење и свои правила по кои вие се водите!

Стресот кој секојдневно го доживуваат жените за својот изглед е едноставно преголем. Опшеството како огледало ги пресликува женските тела и нивниот изглед. Уникатноста полека ја губиме со цел да се докажеме дека- еве и јас можам да сум убава!- Но, ти си убава! Не ти требаат туѓи правила за да се докажеш! Не треба да изгледаш иста со таа до тебе за да припаднеш некаде!
Општеството пресликува и притиска, но ние сме жени доволно силни да се одбраниме. Затоа жени пуштете коси- ветер да ги носи, вдишете силно и насмевнете се! Не ви треба мидерот денес, ниту стегнат фустан, ниту пудра, ниту кармин… Денес единсвено нешто што ви треба сте самите вие и вашиот внатрешен мир…

Не гледајте во огледалото на општеството, погледнете во вашето огледало и речете си сами на себе- Јас сум убава!
Ваша Катја