Бесплатна доствава над 1500ден Можност за бесплатна замена Можност за плаќање со платежна картичка Можност за плаќање при доставаБесплатна доствава над 1500ден Можност за бесплатна замена Можност за плаќање со платежна картичка Можност за плаќање при достава

Што мислите? Кој е подобар возач – мажите или жените?

Колата не е луксуз, колата е потреба и тоа на сите веќе тоа ни е јасно. Но, сеуште постои митот дека жените се полоши возачи од мажите. Зошто е тоа така и кој тоа го кажува ќе анализираме сега.

Прво да видиме кој го кажува тоа. Па тука може да се согласиме дека тоа го тврдат и мажи и жени, но нас не интересира поточно луѓе со кои карактеристики ја тврдат оваа реченица. Иако статистиките покажале дека жените се добри во возењето, дека прават помалку грешки и се повнимателни, овие луѓе сепак го тврдат она што го замислиле. Значи веднаш добиваме луѓе што брзо судат, а малку мислат. А такви има многу. Тие луѓе живеат по шема. Значи доколку доделат етикета, на прмер дека жените се лоши возачи, готово, тука веќе нема што да се размислува! Тие дури и така се однесуаат, караат по нив, им се смеат, бараат рачка за да си ја потврдат својата убеденост. Замислете, овде имаме работа со луѓе што “се знаат” и со нив нема за што да се разговара. Мислам, какви статистики, какви бакрачи, тоа му е нив веќе видено. И тие луѓе реално претставуваат поголем проблем од оние мажи или жени кои не се толку искусни во возењето или сега се учат затоа што таквите луѓе се нестрпливи возачи. Тие луѓе создаваат паника и ја префрлаат вината на другиот. И покрај тоа што направиме мал милион грешки сепак се во право и нема да попуштат. Со такви луѓе тешко е да се живее, не само да се вози.

Друга група на опасност во возењето претставуваат исплашените луѓе.  Луѓе на кои се му е тешко и се му пречи. Зошто сега кола излезе или пешаков сега кај оди или сега гужва многу, кај тргнале сите баш сега јас ко ќе возам! Офкаат и туфкаат низ цело возење. Дур да извозат од едно до друго место ќе се измачат како да ископале 5 декари нива. Овие луѓе многу често свират по другите возачи, мафтаат со прсти, прават искривени фаци на незадоволство и се многу непријатни за останатите возачи во сообрајќајот затоа што стресот што го имаат при возењето претставува опасност за сите. Главно правило во возењето е да не возиш кога чуствуваш стрес!

Исто, како главна опасност можам да ги набројам луѓето што се во филм или такаречено- исфилманите. Ќе се качат в кола и си мислат којзнај што напраеле.  Апосолутно најнеодоворни лудуваат по улиците. Се нервираат од бавни возачи, возачи со поефтини коли, претпазливи возачи што пуштаат предност. Овие возачи обично се млади деца, уште зелени што се му е интересно. Затоа пред да се даде кола некому мора претходно да се увиди дека лицето е зрело за таква одговорност, па потоа да се пристапи на возење.

И според нашава анализа во која набројавме неколку групи на возачи апсолутно не беше важно дали е возачот е маж или жена.  Најголема опасност претставува стресот, стравот и неодговорноста, а не дали вози маж или жена. За една жена да биде добар возач треба да ја има потребната поддршка од луѓе што веруваат во неа. Но тоа е потребно и кај мажот нели?

Затоа човеци мои, кога возите не треба бидете нервозни  и нетрпеливи. И да се случи грешка, не заборавајте дека и во другата кола вози човек, исто така исплашен и загрижен како вас. Не бидете невоситани и вулгарни. Лесно е да карате, да врескате и да обвинувате . Но што ако покажете повисока свет да си  подадет рака, сигурно и во лоша ситуација ќе се случи пријателство. Грешки се случуваат и ќе се случуваат, само ние да сме здрави и живи!

Ваша Катја

Е-бизнис katja- online store

Споделување на бизнис идеи со студентите: Пример за иновации во е-трговија

rak na dojka

Како да им ја соопштите веста за рак на дојка на вашите најблиски: Со емпатија и храброст

Општеството како огледало ги пресликува женските тела

Katja Online Store

Katja Online Store

I will be back soon

Katja Online Store
Имаш  прашање?
Katja Online Store