Бесплатна доствава над 1500ден Можност за бесплатна замена Можност за плаќање со платежна картичка Можност за плаќање при доставаБесплатна доствава над 1500ден Можност за бесплатна замена Можност за плаќање со платежна картичка Можност за плаќање при достава

Отвори сопствен бутик за долна облека без да почнуваш од нула!

Со докажан производ, обука и поддршка низ целиот процес.

Секоја голема идеја започнува со едно прашање: А што ако можам да изградам нешто свое?

Нашата цел е да создадеме мрежа на успешни женски бизниси низ Македонија кои ќе продаваат долна облека со поддршка од докажан бренд, готови производи, обука и маркетинг материјали

Што добиваш како партнер?

🗸 Пристап до производите на KATJA

🗸 Ќе работиш со модели кои веќе се продаваат на пазарот

🗸 Маркетинг

🗸 Препорака

🗸 Обука

🗸 Територијална заштита

Кога клиентка бара физичка локација за пробување во твојот град, ќе биде насочена кон твојата партнерска продавница

Вклучи се ако си жена која:

  • сакаш сопствен бизнис
  • имаш продажен салон или планираш да отвориш 
  • сакаш да работиш со докажан бренд
  • подготвена си активно да се вклучиш, да соработуваш и да градиш сопствени потрошувачи

Нашата цел не е да создадеме конкуренција меѓу партнерите.

Поради тоа бројот на партнери по град е ограничен.

Територијалната заштита се доделува на активни партнери кои ги исполнуваат условите за соработка.

Една општина. Една продавница. Можеби ќе биде токму твојата!  

Тешко е да започнеш сама, но полесно е кога имаш партнер!

Пријави се за Katja партнерската програма и дознај дали ова е вистинската можност за тебе и твојот бизнис.

Дали веќе имаш продавница и сакаш да ја прошириш понудата или сонуваш да отвориш сопствен бутик за долна облека? Со Katja не мораш сè да започнуваш сама.

Како наша партнерка, добиваш пристап до тестирани производи што веќе ги носат и ги препорачуваат задоволни жени, бесплатни обуки за производите и продажбата, готови фотографии и видеа, маркетинг-поддршка и насоки во текот на соработката. Дополнително, нашите купувачки што сакаат да ги пробаат градниците ги насочуваме кон партнерските продавници, а партнерите добиваат територијална заштита според условите на програмата.

Што значи да закажеш состанок?

Закажување состанок е прв чекор кон можна соработка, а не обврска за започнување партнерство и не значи дека автоматски ќе бидеш избрана.

Во рок од 3 до 4 работни дена, нашиот тим ќе те контактира за да закажеме онлајн состанок. На состанокот ќе разговараме за твоите потреби, планови и очекувања, ќе ти ја претставиме програмата и ќе ги разгледаме очекувањата на двете страни.

Нашата цел е да утврдиме дали постои добра основа за долгорочна и успешна соработка – и за тебе и за нас.

Изборот на партнерките се прави по разговорот, врз основа на условите и можностите за соработка. Бројот на партнерски продавници е ограничен, со една партнерска продавница по општина.

Закажи состанок и направи го првиот чекор кон својот бизнис со поддршка од KATJA.

Закажете информативен состанок

Заинтересирани сте за KATJA партнерската програма? Оставете ни ги вашите податоци, а нашиот тим ќе ве контактира во рок од 3–4 работни дена за да договориме онлајн состанок.

Form - partnerska- prodavnica
Katja Online Store

Katja Online Store

I will be back soon

Katja Online Store
Имаш  прашање?
Katja Online Store