Бесплатна доствава над 1500ден Можност за бесплатна замена Можност за плаќање со платежна картичка Можност за плаќање при доставаБесплатна доствава над 1500ден Можност за бесплатна замена Можност за плаќање со платежна картичка Можност за плаќање при достава

Жени помогнете! Како го наоѓате вашето време?!

ДАЈ МИ! – Колку ова зборче ви звучи познато?! Ако ви се намовнува кожата од него, тогаш сте на правото место! И што помислувате?!- ЗЕМИ СИ! Да, но само помислувате, нели? Но што правите? Само станувате да го најдете тоа што се бара од вас. И тоа не е толку лошо ако е еднаш или два пати, па и нека е три пати во текот на денот…но дали ви се чини дека е бесконечно?! 

Овој блог-пост го адресирам до сите жени кои успеале да се изборат со ДАЈ МИ – лудилото, и да се охрабрат, да ни споделат на сите нас останатите смртници што не можеме да излеземе на крај со толку малечко и безначајно зборче што ни кради голем дел од нашето време и фокус и да ни кажете КАКО, КАКО да си го вратиме нашето време за нас!

ДАЈ МИ да јадам, ДАЈ ми алишта, ДАЈ МИ вода, ДАЈ МИ пари, ДАЈ МИ чорапи….. и негов најдобар другар е – КАДЕ Е или на нашки КАЕ! КАЕ фенот за коса ( а тој стои секогаш на исто место) или КАЕ тетратката, КАЕ полначот и така до бескрај што ми се чини дека сите во оваа куќа се гости?

Дали е можно и како да успееме да превоспитаме од најмал до најголем? Многу од вас ги имам слушнато како велат- одам на работа само за да излезам од дома! Но што ако работата ни е од дома?!  

Навистина, среќата на семјството е наважна, но дали можеме да дадеме среќа , ако ние сме истрошени и несреќни? Дали може некој да даде нешто што го нема? 

Ние како заштитнички на жената може да работиме на подигање на свеста на самодовербата и себељубов, а тоа не е можно ако се изгуби индивидуалноста што ја има секое суштество на оваа планета.  Жени време е да ги земеме конците во свои раце и да застаниме во одбрана на нашето време, затоа што бргу човек остарува, а времето не се враќа!

Нареден пат кога ќе слушнете ДАЈ МИ- ве молам направете ладна фаца и не трепкајте се додека барачот не се откаже од своето барање и сам да си го земе тоа што го бара. Потребно е оваа тактика да ја примените во рок од една недела и да ни пишите резултат. Потребно е да гледате право во очи, да не трепкате, останатиот дел од лицето да биди опуштен и во себе да почуствувате мир. Ве очекуваме со позитивни искуства и секако ваши идеи.

Ваша Катја

Е-бизнис katja- online store

Споделување на бизнис идеи со студентите: Пример за иновации во е-трговија

rak na dojka

Како да им ја соопштите веста за рак на дојка на вашите најблиски: Со емпатија и храброст

🎁 МАРТ Е МЕСЕЦ НА ПОДАРУВАЊЕ!
Ти подаруваш на твоите најблиски…
Ние ти подаруваме тебе.

Нарачај 4 градници
и 5-тиот е целосно БЕСПЛАТЕН!

💗 Без код. Без компликации. Само избери си ги омилените.

Katja Online Store

Katja Online Store

I will be back soon

Katja Online Store
Имаш  прашање?
Katja Online Store