Опис на производот:
Градник LISA- памучен модел. Изработен од двослоен материјал, обезбедува подобра поддршка и сигурност без потреба од жици или корпи. Позатворениот крој овозможува градите убаво да бидат опфатени, што го прави особено погоден за поголеми и потешки гради.
Мек е на допир, удобен за секојдневно носење и не создава непријатен притисок. Прилагодливите прерамки овозможуваат лесно приспособување според вашите потреби, а бидејќи не се вадат, обезбедуваат дополнителна стабилност при носење.
Модел создаден за жени кои сакаат природна удобност, сигурна поддршка и чувство на леснотија во текот на целиот ден.
Правилната големина е клучот за удобен и убаво обликуван градник. Измерете го ОБЕМОТ под градите и КОРПАТА околу градите, па проверете ја табелата за големини.



