Опис на производот:
Градник МАЈА-без жица, но со мека корпа која нежно ги обликува градите и обезбедува природен изглед. Подлабоката корпа и додаденото парче од страните овозможува подобро прибирање и поддршка, што го прави одличен избор и за потешки гради. Дизајнот без жица дава удобност во текот на целиот ден, а меката корпа држи форма што го прави одличен и за на работа, за дома или за излегување.
Одговара на различен тип на гардероба затоа што е мазен и еднобоен. Внатрешно е обложен со мек памук за пријатно чувство на кожата и е совршен избор за секојдневно и долго носење. Прилагодливите прерамки овозможуваат лесно приспособување според вашите потреби, а нивната фиксирана изработка придонесува за дополнителна стабилност и сигурност.
Правилната големина е клучот за удобен и убаво обликуван градник. Измерете го ОБЕМОТ под градите и КОРПАТА околу градите, па проверете ја табелата за големини.









