Опис на производот:
Градник MONA e модел со жица, која дава сигурна поддршка и помага градите да бидат убаво обликувани и стабилни во текот на целиот ден. Има сигурни, сунѓерести и прилагодливи прерамки, дизајнирани да го намалат притисокот врз вратот и рамената, дури и при подолготрајно носење. Надворешниот дел е со релјефна структура, која додава елегантен изглед и визуелно подефинирана текстура. Внатрешноста е изработена од многу нежен и мек памук, кој овозможува кожата да дише и обезбедува пријатно чувство без иритации.
Правилната големина е клучот за удобен и убаво обликуван градник. Измерете го ОБЕМОТ под градите и КОРПАТА околу градите, па проверете ја табелата за големини.









