Опис на производот:
Ако сакате градник што ќе го обликува деколтето и ќе остане незабележлив под облеката, овој модел е одличен избор. Со корпа и жица, обезбедува добра поддршка и убаво обликување на градите, додека мазната изработка овозможува да не се познава под маички, кошули и фустани.
Прилагодливите прерамки лесно се подесуваат според вашите потреби, а по потреба може и целосно да се извадат. Тоа ви дава повеќе слобода при избор на облека, особено кога носите модели со отворени раменици или специфични кроеви.
Практичен, удобен и лесен за комбинирање.
Правилната големина е клучот за удобен и убаво обликуван градник. Измерете го ОБЕМОТ под градите и КОРПАТА околу градите, па проверете ја табелата за големини.







