Опис на производот:
Секојдневен градник MIA. Совршен баланс помеѓу едноставност, удобност и практичност. Овој модел е минимајзер без жица и без корпи, кој нежно ја обликува градата и дава природен, смирен изглед без непотребен притисок. Лесен и пријатен градник со парче од страна што убаво ја прибира градата.
Изработен е во крем боја – идеален избор за под светла гардероба, бидејќи останува дискретен и речиси незабележлив. Надворешниот материјал е мазен и цврст, не се оцртува под облека, додека внатрешноста е обложена со мек и нежен памук кој овозможува кожата да дише и обезбедува целодневна удобност.
Правилната големина е клучот за удобен и убаво обликуван градник. Измерете го ОБЕМОТ под градите и КОРПАТА околу градите, па проверете ја табелата за големини.









